Традиции и обичаи на Египќаните во Охрид.
Египќаните на Балканскиот полуостров навистина преставуваат значајна тематика на истражување. Тоа се должи на нивниот континуитет на присуство на овие простори но секако и на нивниот начин на живот и одржување на своите обичаи и традиции. Токму поради тоа за нив се пишувани безброј статии, прилози но и книжни дела по кои може да се согледаат различните толкувања за нив и нивната историја.
Ако земете да ја читате книгата на проф. Д-р Стојан Ристески со наслов „Фолклорно – литературни прилози“ ќе согледате дека еден посебен дел е посветен токму за Еѓипќаните. Во неа се толкуваат три претпоставки за доаѓањето на Еѓипќаните на овие простори.
Првата претпоставка е поврзана со Александар Македонски , втората со трговските врски на Египет за време византиското владеење а третата преку Дубровник во IX век кога Арапите година и пол го имале опседнато.
Различни научници и толкувачи на претпоставките им даваат предност на една или друга претпоставка. Дури се толкува дека војската на Александар Македонски односно неговата коњаница не би можела да биде толку успешна ако не биле Египќаните кои преку своите занаети и работливост а особено ковачкиот занает имале значајна улога во изработкатата на орудијата и овозможување на коњаницата за долги патишта.
Позначајна и единствена од таков вид монографија која ги испитува и преку значајните историски методи како што се компарација, анализа и слично и укажува за постоењето на Египќаните на овие простори на Балканскиот полуостров е книгата на проф. Д-р Рубин Земон „Балканскиот етнички феникс“. Книга која изобилува со факти кои укажуваат на Балканските Еѓипќани или како што е наведено во самото книжно дело : „ еден од главните проблеми беше именувањето на оваа заедница на Балканот со потекло од Египет. Проблемот е сложен бидејќи припадниците на оваа заедница низ Балканот и низ различните јазици имаат различни називи (етноними) кои се поврзани со Египет. Нивното официјално изјаснување во повеќе балкански држави е Египќани. Меѓутоа, Еѓипќаните што живеат на Балканот, немаат големи врски и заеднички црти со Египќаните што денес живеат во Арапската Република Египет, кои во најголем број се изјаснуваат и како Арапи.
Египќаните на Балканот имаат различен идентитет, историја, колективна меморија, кулура но и етногенеза со Арапите бидејќи нивната миграција е случена пред век.“
Она што е особено значајна од историски аспект за Балканските Египќани на овие простори е нивната одржливост истрајност и почитување на својата традиција и обичаи.
Така со сигурност, Египќаните во градот Охрид низ временскиот континуитет преставувале значајна пополуција која во своето опстојување и живеење ги негувале своите традиции и обичаи. Имено точното време од кога самите египќани се присутни во градот Охрид е многу тешко да се каже бидејќи за нивното доаѓање на овие простории постојат повеќе верзии за кои сеуште се дискутира и секојдневно произлегуваат нови факти како што стои и во горенаведеното.
Но она што е значајно дека отсекогаш важеле за работлив народ особено чувари и негуватели на занаетите како ковачкиот, берберскиот и сл.
Балканските Египќани се потомци на старите Египќани, кои на овие простори се имаат доселено уште од античко време 13 век п.н.е., т.е. со освојувањата на фараонот Сесотрис (за кој се мисли дека е Рамзес II ), како што пишува таткото на историјата Херодот.
За постоењето на египетска етничка свест во Македонија и Балканот,во времето на националниот препород кај сите балкански народи (почетокот и средината на 19 век),сведочи и едно писмо објавено на 8 август 1867 година,во весникот Македонија што излегувал од Цариград, а кое е потпишано од Еден Египќанец од Прилеп. Археологијата исти така ни дава ни дава повеќе материјални докази за постоењето и културата на Балканските Египќани.
Интересно е тоа што во Охрид е пронајден храм посветен на египетската божицата Изида, датиран од III век п.н.е, а денес од тој храм е сочувана статуата на божицата Изида која може да се види на археолишката поставка во музејот во Охрид.
Eден од основните показатели,но не и одлучувачки за посебноста на секој етникум е јазикот.Меѓутоа оваа заедница нема посебен јазик на Балкански полустров, него припаднците на оваа етничка заедница го говорат јазиците на околината или од каде се доселиле во некое блиско минато.така на пример во Охрид и Струга го говорат албанскиот јазик во тоска дијалект,во Дебар во гега дијалект.Во Битола,Кичево,Битола го говорат македонскиот јазик а еден дел и турскиот,овај феномен се објаснува со фактот што Египќаните живеат на центрите на населбите како малцинство опколени со мнозинство,каде контактите се секојдневни и асимилацијата на јазикот е сосема нормална последица.
Тоа што ја обележува материјалната култура се занимањата.
Припадниците на заедницата на Балканските Египќани се занимавале со ковачкиот занает Од традиционалните алати и опрема кои ги користеле ковачите треба да се спомнат:огништето,,дувалото,наковалната,коритото за ладење на железата разни видови на чекани,клешти и ножици.
Балканските Египќани живееле и живеат стациониран живот во градските и селските средини.Во регинот најповеќе се сконцентрирани во градските населби и тоа во центрите или чаршиите .Куќите на Египќаните кои што живеат во градовите се карактеризираат со тоа што биле на еден или повеќе спрата ,каде приземниот спрат обично се користел како работилница(најчесто ковачница) или продавница за продавање на производи.
Традиционалната покуќнина на Египќаните во регинот,била слична на покуќнината на другите муслимански етницитети во регинот и пошироко,кои се карактеризирале со миндерите за седење на подот и мангалите за греење на собата итн.
Кај Египќаните е карактеристична обредната храна.Скоро во сите обичаи за најчувствителните моменти од животниот циклус присутна е обредната погача или лебот, што Египќаните ја викаат „Ќаија“ ,што го симболизира култот кон зрнестат храна,плодноста и благосостојбата.
Усното народно творештво на Египќаните е многу богато и разновидно,со народни приказни, легенди, народни песни и ора и сл..Чалгиската музика е незамислива без изведувачите Египќани кои се едни од најдобрите мајстори за овај занает. Народните игри на Египќаните се карактеристични по нивниот ритам,ората се бавни и тешки со постепено забрзување. Постојат машки,женски и мешани ора,најпознати се Берачето,Деволичето,Ѓусмеоке,Сирто,Бабо и други а најпознати изведувачи на Тешкото се Мајовци од Дебар. Овие ора се свират со зурли,тапани,кларинет,хармоника,виолина и други инструменти.
Духовната култура ја обележуваат обичаи при раѓање,обичаи при сунет,обичаи при свадба ,обичаи од каленсарскиот циклус. Карактеристично за Египќаните е тоа што слават празници и од исламската религија и тоа Рамазан Бајрам,Курбан Бајрам и од христијанската вера Свети Атанасие-Танасовден (на овај празник на 29 јануари славениците купуваат петели ноќта спроти Танасовден петелот треба жив да преноќи во куќата за да наутро запее), Летник, Ѓурѓовден и Свети Наум-редовно за манастирот и за светецот носат подароци,а некои трипати вратат јагне околу манастирот, пропратени со музика.
Функционалното живеалиште, светоста на огнот, правилата на гостопримство, снагата на семејството, заштитната вредност на родбината, влијанието на водечката фамилија, патријахалниотавторитет, почитувањето на жената, предаденост на жената кон семејните обврски, грижа за честа и угледот итн. се е тоа длабоко вкоренето во позадината на секојдневниот живот на сите Балкански народи и заедници уште од античкиот период на Балканот, за што и голем дел “се превземени од Египет, како што вели и таткото на историјата и етнографијата Херодот во V век п.н.е.
(Tekstot e prevzemen od bogatata literatura na prof.d-r Rubin Zemon поранешен претседател на Здружение на Египќаните и еден од идеолозите на заедницата на балканските Египќани на Балканот,впрочем и неговата докторска дисертација е на тема Балканските Египќани ).
Дуќан за изработка и продажба на потковици
Сепак и покрај долговременскиот континуитет на опстојување на овие простори и во градот Охрид успеале да си ги зачуваат своите традиции и обичаи а како најпрепознатлив и најчесто спроведуван бил обичајот при раѓање на новороденчината.
Имено мора да се спомене дека Египќаните во градот Охрид односно нивниот наталитет бил секогаш самостојно контролиран. Тие имаат деца онолку колку што можат да истават на прав пат и секогаш од најмали нозе ги учат на вредно и верно заработени пари. Впрочем така станале чувари на занаетите во градот Охрид и пошироко.
Продажба на алати изработени преку ковачница
За Египќаните во градот Охрид постоеле обичаи при најголемата радост во животот а тоа е новороденчето.
Имено штом ќе се роди новороденче најпрво се известувале сите роднини од двете страни и од кај таткото и од кај мајката. Како гласник на убавата вест обично било дете од близок роднина или пријател до 15 годишна возраст на кое при разгласувањето на убавата вест му се давало одреден подарок, најчесто во вид на пари. Тој подарок се викал мужде. На третата вечер од раѓањето на детото се правело Трета вечер или Навиѓе, а тоа е моментот кога доаѓале кај родителите двете нивни фамилии со големи подароци како за новороденчето така и за родителите и куќата. Но секогаш при подарувањето се носеле и благи вкусни јадења во вид на баклава, шеќерчиња, тулумби и слично како симболика за благ живот на самото новороденче.
Самата вечера на Трета вечер од новороденчето кај Еѓипќаните била богата но после вечерата задолжително се носело тепсија со истрошен, надробен леб. На самите трошки се ставало новороденчето. Самата тепсија на која се наоѓало новороденчето била држена од сватовите и била трипати вртена заедно со новороденчето во неа.Потоа новороденчето било земано од сватот и детето било именувано според претходен договор и консултација. Потоа новороденчето било тргано за носот за да заплаче а трошките од тепсијата ги врзувале во шамивче како аманет за среќа на детето а и за тоа мајката да има доволно млеко за доење. Дури потоа новороденчето и се предавало на мајката каде што присутните фрлале пари, додека низ постарите времиња бебето дури се дарувало и со златници.
Торзо на божицата Изида,пронајдена во Охрид.

Традиционално оро на Египќаните
На овај начин низ временскиот континуитет на Египќаните во градот Охрид се правел обред при раѓање на новороденче. Денес дел од овие обичаи и обреди се отфрлени, или пак се заменети со други. Но сепак како историска белешка на нивниот постојан континуитет во градот остануваат овие обичаи за понатамошно сведочење. Имено мора да се наведе дека Прв пат во пописот на населението во Југославија во 1991 година беше воведена и графата Египќани со што била исправена една голема неправда кон оваа етничка заедница.
Со посвета кон проф. Д-р Стојан Ристески
Текстот го подготви м-р. Никола Митровиќ, директор на историскиот архив на Република Северна Македонија, за потребите на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, кој се спроведува од здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид, финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и програмата Civika Mobilitas.
