И оваа година Женски Центар Бисера од Охрид ќе ја одржи традиционалната манифестација ТОРТИЈАДА.
Бидејќи ЖЦ Бисера работи и со хуманитарни цели и оваа тортијада е со хуманитарна цел од „СРЦЕ ЗА ЈАНА АРСОСКА“. Дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани на нашата Јана.
Тортијадате е со натпреварувачки карактер на слаткари професионалци и аматери.Ќе се одржи на 09.11.2019 год. во хотел „Амбасадор“ со почеток во 19 и 30 часот.Картите за вечера се 500 денари.Покровител на манифестацијата е доктор Виолета Мицкоска.
Сите заинтересирани слаткари и аматери кои сакаат да учествуваат на овогодишната хуманитарна тортијада можат да се пријават на тел. 075/320-737 , лица за контакт Наде Ристоска најдоцна до 04.11.2019 год.
