Организаторите ја најавуваат третата по ред детска ликовна школа во рамките на Меѓународната Ликовна колонија „Вевчански видувања”.
Со почеток на 27 јуни, четврток, летната школа ќе трае до 5 јули, во паркот на Ресторанот Виа Игнација – Вевчани, а ќе ја водат професорката Робин Шварцман од САД, и Анкица Стеваноска од Адамс АРТ. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни матерјали и услови за творење и развивање на креативно учење на нашите дечиња. Учесниците ќе бидат поделени во неколку групи во зависност од возраста, а дневно ќе имаат работилница и кратка пауза во времетраење од 45 минути.
За сите дополнителни информации како и пријавување (најдоцна до 20 јуни) на следниот линк:
