Тројца заразени , една жртва од корона во струшко

Стружани утрово ги потресе веста за смртта на 66 годишната жена од Горно Татеши., која е прва жртва  на корона вирусот во  струшко.

 

Таа со својот сопруг   пред да се прогласи кризната состојба,   биле на гости во Дебар   и имале контакт со еден од заболените доктори. Откако се потврдило дека  лекарот  е позитивен  на Ковид 19 , семејството од Татеши било   во домашна самоизолација.

Првите симптоми, на починатата и се појавиле на 24 март, а тестирана била на  26 ти.  Резултатите стигнале вчера,  кога  и се влошила состојбата.  Таа имала срцева болест,  хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

„Имам информација за тројца позитивни од Струга што звачера се земени брисеви. Една од нив е веќе почината. Сношти екипа ке ја транспортираше екипа на Инфективна клиника, но за жал почина. Мажот е позитивен тој е во карантин. Цело време сме во контакт со Јованка иако не е тоа мој дел треба да се помага на пацинетите“ , вели Мухамед Асани директор на болница Струга.

Матичниот лекар препорачал хоспитализација на  инфективното одделение во Охрид , но до добивањето на резултатите вчера таа не била примена во болница.  Министерството  за здравство најавува целосна ревизија  на случајот за да утврди дали евентуално  се работи за  лекраска грешка.

Покрај починатата позитивен на Ковид 19,  но без симптоими е и нејзиниот сопруг и уште едно лице од селото Велешта.

Новинар Соња Рилковска  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани