Туристите се запознаа со уникатните охридски ракотворби

Во организација на Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид и соработка со Занаетчиската комора од Охрид, вчера  на плоштадот „Крушевска Република“ по втор пат се одржа Манифестацијата „Ohrid craft expo“.

Занаетчиите ги изложија своите производи , а истовремено беа промовирани потенцијалите на охридското занаетчиство како фактор за економски развој, зачувување на традиционалните вредности и атрактивно занимање на младите.

Посетителите имаа можност да се запознаат со широката палета на производи (сувенири, бакрорез,книговез,накит, рачно изработени свеќи, плетени ракотворби,рециклирани макети) создадени од вештите раце на занаетчиите кои изразија подготвеност за воспоставување поинтензивна соработка во делот на зголемување на мерките за поддршка на занаетчиството кое нуди перспектива за вработување на младите поддржани преку проекти за почнување мали бизниси.

Заложба на Локалната самоуправа е Манифестацијата „Ohrid craft expo“ да добие традиционален карактер која ќе поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани