Туризмот со непоправливи штети од корона вирусот, се бара поддршка од државата.
Сите закажани гости од март до мј се веќе откажани. Хотелиерите и угостителите трпат огромни загуби, информираат на денешната прес конференција на коморите за туризам.
Азиските гости откажаа се, а полека се откажуваат и туристите од европските пазари.
Коморите н туризам со десет предлози за поддршка од владата. Меѓудругото бараат покривање на давачките за придонеси со цел да се задржат вработените во туризмот, намалување на данокот од 18% на 5 %.
-„Мерките се со цел за поддршка на туризмот, кој е првата грнка која се најде на удар на епидемијата. Словенија веќе излезе до милјарда евра буџет за поддршка на туризмот. Повеќе од 70% од инкаминг туризмот е намален. 90% од туристите одлгаат закажани аутгоинг аранжмани“, велат од коморите.
-„Чартерите кои ги имаме за Скопје и Охрид имаме застој и барање на одлагање на плаќање, намален број на туристи се бара одложено плаќање. За да не се воведеме во уште полоша ситуација бараме интервентни мерки и помош од дравата. Бараме даночно осленување кое нема импликации во буџетот на државата, вели Асим Меџедовиќ од Хотам и менаџер во ТА „Фибула“.
