Во Охрид не смее да се гради марина со бензиска пумпа

Во  Охрид не смее да се гради марина со бензиска пумпа, алармираат експертите. Регионот е трусно подрачје и при земјотрес би можело да дојде до  хаварија , која ќе има непоправливи последици на најстарото езеро во Европа.

 

За надградба на Охридското пристаниште со уште еден крак и изградба на мини марина, која постои кко идеја веќе неколку години, научниците сметаат дека е потребна исцрпна детална еколошка студија.  

-„Треба да се направи еколошка студија со сите елементи, меѓутоа во секој случај таа марина не смее да содржи бензиска пумпа. Апсолутно инаку амрините содржт, но тоа би било катастрофално бидејќи Охридското езеро се наоѓа на трусно подрачје и еден мал инцидент или потрес би предизвикал катастрофални псоледици со излевање на енергенсите на горивата“,апелира професорот Здравко Крстаноски, долгогодишен прв човек на Хидро-биолошкиот завод во Охрид.

Изградбата на марина, која од друга страна е повеќе од потребна  поради големиот број на пловила во Охридското езеро, не смее да биде ниту во каналот Билјанини извори. Според експертите нјдобро е д се изгарди кај Грашница.

„Во каналот не треба да биде, бидејќи каналот претставува аптекарска вода за Охридското езеро. И вие кога би изградиле марина со сите придружни објекти тоа би било катастрофа на тој дел. Најдобро би било условно вела Грашница, меѓутоа за да се изгради марина потребно е да се направи една студија за ружата на ветови како пловните објекти безбедно би впловувале и испловувал. Таква ружа има делумично но треба да се доизработи допрецизира“, додава Крстаноски.

Изградбата на современа марина во Охрид е ветување со децении. Проектот е изработен но има различни ставови околу изборот на локацијата. Еколозите едногласно се против изградба на марина во каналот и во близина на Студенчишкото блато.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани