Со свечена академија, вечерва средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ ќе го одбележи патрониот празник.
Свечената академија ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ и ќе содржи богата културно уметничка програма и поздравен говор на директорката Славица Костоска. Предвидени се музички точки, настап на КУД „Отекс“како и рецитали и комуникациски теми подготвени од активот по македонски јазик и од општествена група предмети.
