Здружението Угостителски еснаф бара итен состак со Советот на општина Охрид.
Бараат одложување на акцијара за уривање на угостителските објекти на плажите.
Велат во ек на сезоната после тешка криза од пандемијата погрешно е да прават рушевини. Угостителите од Охрид предлагаат времено регулирање на односите на постојните вршители на дејност, преодно решение за усогласување на објектите согласно препораките на УНЕСКО и постоечката регулатива, како и ажурирање на постапките по однос на јавното наддавање и издавање под закуп од 2018 година што не се формално завршени.
И покрај извештајот на Унеско кој ургентно бара уривање на сите објекти вдолж плажите Еснафот бара одложување на акцијата.
-,,Генералното барање на угостителлите е да се избегнат акциите за рушење за време на сезоната, која што веќе е на почеток После една тешка пандемска година добро ќе беше таквите активности да не се одржуваат сега туку по истекот на сезоната”, вели Михаил Мишев претседател на Угостителски еснаф.
Градоначалникот останува на ставот дека нема да има селективност, акцијата за отстранување ќе продолжи.
– ,,Станува збор за узурпација на државна земја. Последен пат ги повикувам угостителите кои работат незаконски да затворат, да престанат со работа Ние им дадовме осум дена сами да постапат”, вели Константин Георгиески градоначалник на Охрид.
Охридскиот еснаф барањето го поднесе вчера, после најавата за отстранување на платформите на плажите ид Каналот Студенчиште Кон Горица Прва.
Претседателката на Советот Живка Ангелоска, денес после состанокот со советничките групи на СДСМ и ВМРО , рече од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето. Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки.
Двете советнички групи изразија поддршка на градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид да постапуваат во рамки на своите ингеренции во согласност со сите законски прописи почитувајќи го принципот на неселективност. Двете советнички групи сметаат дека е од исклучителна важност Охридскиот регион да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО и ги повикуваат сите надлежни институции да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.
