Викендов, на градските улици во Охрид, по јубилеен петти пат ќе се одржи Атлетската манифестација Охрид трчаТ.
-Упатуваме апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7:30 до 11 часот.
Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид.Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата.Атлетската манифестација е в недела претпладне, а поканата е отворена за сите на утрешното ЕКСПО каде тркачите ќе ги подигнуваат стартните пакети и за самиот настан,велат организаторите на Охрид ТрчаТ.
