Уметничките творби на Танко и Ирена го воодушевуваат светот

Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска  ги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче,  галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид.  Сликаат масло на платно, но и на стакло изработуваат витражи и сувенири.

Велат сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност.

Најуникатно за академскиот сликар  Танко е создавање на уметнички дела кои со мотор се  ротираат во четири страни и доловуваат четири различни уметнички дизајни  за што добил и награда златна медаља во Брисел.

-„Започнав да сликам со  стрико ми тој беше исто академски сликар, еден од најпознатите сликари во Југославија, и во тоа време му ги купуваа сликите,  во Скупштина до денес има негови слики.  Уште од мали нозе со него, потоа на академија , па следеа  изложби низ цел свет Азија, Европа, Америка.  Ја добив наградата Златна медаља,  тие слики се вртат во четири страни и секоја страна е слика за себе. Тие се поставени  на мотор кој ротира и ја  менува сликата од четири страни. Пример една слика од едната страна е Адам и Ева, од другата страна е папагал и шума, кога повторно ќе изротирате тоа е јаболкото и змијата и од четвртата божанство “, вели Танко Сарески ументик.

29 години Танко и Ирена  заедно творат и создаваат дела со најразлични техники и тематики во Охрид надополнувајќи се еден со друг работејќи го она што најдобро го знаат а тоа е сликањето. На витражите е отсликан Охрид низ вековите старите градски  куќи, црквите, спомениците кои биле  сочувани на стари фотографии.

– „Најмногу што сакам да работам е витраж, односно дизајнирање на стакло со витражна боја и доста успешно тоа го правиме. Изработката ја започнав пред 25 години, творештвото ни е прекрасно, многу не обожаваат и ние сме навистина среќни. Особено ме радува,  кога оние кои ги купуваат нашите дела кога  ќе го погледнат делото едноставно се чувствуваат дека тие се дома, Обично луѓето што доаѓаат тука се луѓе кои живееле и заминале и кога ќе го погледнат нашите творби  си ги враќаат спомените назад и среќни сме што можеме тоа да им го овозможиме“, вели Ирена Занеска уметник.

Танко и Ирена се амбасадори и промотори на туристички Охрид, нивните дела го имаат обиколено светот, патувале низ речиси сите континенти каде имале изложби, уметничките твроби  денес се продаваат во голем број галерии низ светот.

Новинар Соња Рилковска

ФОТОГАЛЕРИЈА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани