Управителка на правен субјект затајувала даноци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од охридското село Долно Лакочереј како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Даночно затајување“. А.Д., во својство на управителка на правното лице, во текот на 2023 година, свесно и намерно не ги пријавувала сите остварени приходи, внесувала лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќала помала сума парични средства од вистинската. При контрола извршена од УЈП, кај правното лице  констатирани се неправилности, односно кусок  во износ од 753.190 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани