66-годишната лекарка Зора Љушеска Трајческа, специјалист по физикална медицина и рехабилитација во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид е новата жртва на коронавирусот.
Доктор Љушеска-Трајческа починала вчера утрото во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Претходно била хоспитализирана во Општата болница во Охрид..
“Oваa проклета болест ми одзеде уште едена колешка со која поминав повеќе од 30 години заедничка работа во нашата болница. После д-р Драган Спасески сега и д-р Зоре Љушева Трајческа не напушти прерано како последица на Короната. Бог да ја прости. Чувајте се драги пријатели. Не смеете да ја потцените болеста. Тогаш ќе изгубите. Со првите симптоми се почнува со лекувањето. Тогаш ќе ја победите“, напиша на неговиот фејсбук профил нејзиниот колега, д-р Митре Милошевски, во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.
Досега битката со коронавирусот ја загубија медицинската сестра Дијана Димоска и д-р Драган Спасески- Охридски како медицинските работници кои од самиот почеток на корона пандемијата се на првиот браник на одбраната од ковид-19.
