Во струшко не се пријавува семејнoто насилство.
Изминатава 2020 година., во време на пандемија додека во сите општини во земјава се бележи пораст , во Струга има само 4 пријави на семејно насилство. Најчесто жртва е жената, а насилник е брачниот партнер.
Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението, а карактеристично е и тоа што брачната заедница не е прекината во ниеден случај.
Само една стружанка, годинава се охрабрила да поведе и бракоразводна постапка.
–„Во 2021 имаме пријавени два случаи, едниот е на територија на општина Вевчани, каде се работи за нарушување на родбински односи, а вториот е во Струга и покрената е и бракоразводна постапка има и судски епилот пријавен од страна на самата жртва и му се изречени превентивни мерки од страна Судот“ , вели Мевмед Халили директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Струга.
Во регион со околу шеесеттина илјади жители, во 2019 година има само 15 пријави за семејно насилство. Прчина е слабата економска состојба на жртвите, но и потчинетоста, стравот и статусот на жената во семејството.
-„Во 2019 имаме 15 евидентирани случаи пријавени од страна на ОВР Струга, во 2020 имаме четири случаи пријавени од жртвата каде што претежно е жената“ , додава Халили.
Социолозите велат жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар во Охрид.
Новинар Соња Рилковска
Во струшко не се пријавува семејнoто насилство. Изминатава 2020 година., во време на пандемија додека во сите општини во земјава се бележи пораст , во Струга има само 4 пријави на семејно насилство. Најчесто жртва е жената, а насилник е брачниот партнер.
Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението, а карактеристично е и тоа што брачната заедница не е прекината во ниеден случај.
Само една стружанка, годинава се охрабрила да поведе и бракоразводна постапка.
-„Во 2021 имаме пријавени два случаи, едниот е на територија на општина Вевчани, каде се работи за нарушување на родбински односи, а вториот е во Струга и покрената е и бракоразводна постапка има и судски епилот пријавен од страна на самата жртва и му се изречени превентивни мерки од страна Судот“ , вели Мевмед Халили директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Струга.
Во регион со околу шеесеттина илјади жители, во 2019 година има само 15 пријави за семејно насилство. Прчина е слабата економска состојба на жртвите, но и потчинетоста, стравот и статусот на жената во семејството.
–„Во 2019 имаме 15 евидентирани случаи пријавени од страна на ОВР Струга, во 2020 имаме четири случаи пријавени од жртвата каде што претежно е жената“ , додава Халили.