Уште една сообраќајка со повреден моторциклист

29 годишен моторциклист е повреден во сообраќајка во Охрид.

Синоќа во 22.30 часот на крстосницата од ул.„Марко Нестороски“ и ул.„Богомилска“во Охрид дошло до судир помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (62) од Охрид и мопед „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.В. (29) од Охрид.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани