Утре отпочнува „Тур де Галичица“

На падините на Галичица, утре ќе се одржи велосипедската тура „TOUR DE GALICICA“.

На падините на планината Галичица, утре ќе се одржи петтата по ред велосипедската тура „TOUR DE GALICICA“. Турата е во должина од 68 километри а ја организира велосипедското друштво „Преспа Бајк“ од Ресен со поддршка од општина Ресен и SWG (Меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на Западен Балкан). Стартот е во 9 часот од плоштадот во Ресен.
Велосипедистите, како што информира за МИА Кристијан Ќулумовски од „Преспа Бајк“, ќе имаат можност да возат и седумкилометарска планинска тура и да ги запознаат убавините на Галичица.
-Досега се пријавени околу 200 учесници од земјава, а ќе возат и 10 наши пријатели до соседна Албанија, истакна Ќулумовски.
Турата, додаде тој, е во целост обележана со патокази, информативни табли и кадрони, а учесниците ќе имаат можност да уживаат во прекрасните пејсажи на Преспанското и Охридското Езеро од надморска висина од 1973 метри.
-Велосипедистите ќе ги следат локални водичи, а ангажирани се и спасувачи од Црвениот крст. За заинтересираните учесници поставен е камп на плажата пред хотелот „Лејк Вју“, каде ќе имаат можност да логоруваат во шатори, изјави Ќулумовски.Додава дека учесниците треба задолжително да носат заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, соодветни чевли и облека за планинарење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани