Утре предупредувачки штрајк во училиштата

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) одлучи утре, на 2 септемри, да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност.

Тоа, според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, значи дека членовите на синдикатот и оние кои ќе се солидаризираат кон штрајкот нема да прифаќаат ученици, нема да оддржуваат настава ниту ќе реализираат воспитно-образовни активности.


Ќе штрајкуваат членовите на синдикатот, а може да се приклучат, солидаризираат оние кои не се членови.

Членови на СОНК, според него, се 90 проценти од наставниците во земјата или повеќе од 20.000 наставници.

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто, бараат зголемување од 20 %.  Синдикатот ѝ даде рок на Владата до 1 септември за преговори и за реално зголемување на платите на сите вработени во образовната дејност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани