Утре се слави Курбан Бајрам

Утре се слави Курбан Бајрам.

 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  20 Јули, вторник, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.

 

 Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава на големиот празник во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

 

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

 

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани