Утре симболична цена за пловидба до „Св.Наум“

За претстојниот верски празник, бродовите „Александрија“ 1 и 2 ќе пловат до „Св.Наум“.

Во недела , на петти јануари, по повод големиот зимски верски празник „Св.Наум Охридски – Чудотворец“, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“, ќе им овозможат на верниците пловидба  до манастирскиот комплекс во Св. Наум по симболична повратна цена од 100 денари.

Билетите се во продажба  на охридското градско пристаниште.

Бродовите  ќе отпловат за „Св. Наум“ во 8 часот од градското пристаниште, а враќањето кон Охрид ќе биде по договор.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани