Во Мелбурн татко ги убл ќерката и зетот од Струга

Млада нововенчана двојка е убиена во пукање во Јаравил, во предградието на Мелбурн, јавуваат австралиските медиуми.

 

Ветон Мусаи (29) починал во болница, ден по смртта на неговата 25 годишна сопруга Линдита.

 Настанот се случил во предградие на Мелбрун, а младиот сопруг Ветон Мусаи кој имал 29 години е по потекло од Струга. Ветон и Линдита Мусаи биле застрелани во нивниот дом. 

Таткото на Линдита , кој е единствениот осомничен останува во болница под полициска заштита, каде му се санираат повредите здобиени од огнено оружје, при обид да се самоубие. 

Инаку семејството Мусаи е по потекло од Струга. Засега не се познати причините за оваа семејна трагедија, се претпоставува дека станува збор за нарушени семејни односи. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани