Улицата „Абас Емин“ ќе почека за асфалт до идната година.
Во големата градежна инвазија која изминатиов период се случува во Охрид оваа сообраќајна делница не е опфатена. Според првиот човек на градот „Абас Емин“ ќе биде современа делница со нова фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.
Георгиески верува реконструкцијата на улицата да започне пред изборите.
-„За улицата Абас Емин, нашите административни работи завршија пред околу десетина дена. Заостанаа работите затоа што немаше консултатнт во министерството за транспорт и врски а тоа е проект кој се реализира преку Европска банка за обнова и развој. Ќе има нова атмосферската канализација, фекална и водоводна мрежа. Коловозот и тротоарите ќе бидат обврска на општината. До септември месец немаше консултант тие го избраа неодамна ние ги доставивме сите документи ги прифатија и ги испративме преведени на англиски така што сега предметот е во Европска банка за обнова и развој после таа процедура министерството ќе го распише тендерот. Се надевам дека до распишување н аизборите тендерот ќе биде распишан за да може да тече процедурата“ вели градоначалникот Константин Георгиески.
Георгиески најави реконструкција и компленто уредување на влезот на Охрид од Битола, кој е во очајна состојба.
