Велештани тепале стружанец

Двајца жители на село Велешта истепале стружанец.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велешта поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“ и против едно лице од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“. На 03.03.2019 пред угостителски објект во Струга, двајцата од Велешта  физички го нападнале Р.Ч.(42) од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга  дал лажен исказ во врска со настанот“.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани