Велики Петок во знак на хуманоста

Вечерва во охридската гимназија хуманитарен хепенинг за помош на Мартин.

Вечерва, на Велики Петок, учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, организираат хуманитарен хепенинг за помош на дваесетидвегодишниот спортист голман и член на ФК „Лабуништа“, Мартин Стојаноски од струшкото село Дрслајца. Тој, пред неколку месеци во тешка сообраќјна несреќа се здоби со тешки телесни повреди за што му се потребни средства за лекување во Русија. Хуманитарниот хепенинг ќе се одржи во училишната спортска сала, вечерва со почеток во 20 часот. Предвиден е настап на диџеј Мартино и диџеј Пако.Влез 100 денари.


Сите хумани граѓани можат да му помогнат на Мартин и преку донации на мобилните оператори: Телеком 143 107 и ВИП 143 462 или на банкарска сметка за донации: 210-7000006495-51 NLB.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани