Вевчанецот бил алкохолизиран и агресивен.
Рано утрово, во 01.40 часот, на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на 32 годишен жител на Вевчани. Тој, во видно алкохолизирана состојба, на висок тон и агресивно однесување, ги вознемирувал станарите. Д.Б. е приведен во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
