59 годишниот вевчанец на ФБ ширел расистички материјал.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У.(59) од Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
– Во текот на 2018 и 2019 година пријавениот преку својот профил на социјалната мрежа Facebook ширел расистички и ксенофобичен материјал, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
