Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани започна со работа и Офтолмолошка амбуланта.
Доктор Владо Спировски е лекарот кој во април специјализираше офталмологија. Со сопствени средства здравствената установа адаптира соодветни простории и ја набави потребната медицинска опрема.
Пациентите во регионот од Велешта до Дебар нема веќе да патуваат до Струга за офтолмолошки прегледи.
-„Во нашата амбуланта ќе се вршат прегледи на видот одредување на рефракција, диоптрија. Ќе се врши дијагностика на заболувања на предниот дел на окото, ќе се вршат прегледи во смисла на дијагностика и терапија на глауком и во дијагностика на заболувања на задниот сегмент на окото“, вели д-р Спироски.
Амбулантата, која е дел од јавното здравство и покрива околу 30 000 пациенти е комплетно опремена. Има ленсометар, сет на стакла, сет за корекција, тонометар,рефрактометар, офталмоскоп и шпалт лампа. Со нејзиното отворање стануваат подостапни и поквалитетени медицински услуги за пациентите.
-„Се чувствуваше потреба од повеќе специјалистички дејности, да се прошират дејностите и услугите , да се понуди повеќе во смисла на одржување на здравјето на луѓето. Имаме огромоен број на пациенти, тие патуваа до Струга и Охрид за очен преглед. Сега прегледите ќе се вршат кај нас, тоа е големо олеснување на пациентите нив им се подостапни услугите од јавното здравство“, додава Спировски.
Здравствениот дом во Вевчани функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во Лабуништа и Велешта. Покрај Итна мецинска помош, има развиена биохемиска лабараторија, рентген дијагностика со мамографија, интернистичка служба, кардиологија, оториноларингологија, ургентна медицина и педијатар. Пред еден месец беше отворен и кабинет за физикална терапија.
Новинар Соња Рилковска