Нуркачите од клубот „Акватек“ во текот на зимскот февруарско нуркање откија колонија ракови на потегот Потпеш Канео.
-„Наидовме на живеалишта од ракови на 10 метри, може да се види на видеото дека ракот има многу јајца, тоа е прекрасно. Ракот се смета за загрозен вид во Охридско Езеро, но еве се размножуваат, треба да ги чуваме. Локацијата е на потегот Потпеш/Канео на 600 метри од брегот на 10 метри. Темп. 07 степени“, пишува Никола Паскали нуркач од „Акватек“.
