Бомбата ја забележал на земјен пат.
На 13.02.2020 во 20.10 часот во полициската станица Струга, С.С.(54) од Струга пријавил дека на земјен пат пред неговиот дом на улицата .„Едвард Кардељ“ забележал неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна. На 14.02.2020 бил извршен увид, а бомбата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.