Од струшкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги повикуваат членовите да го ажурираат членството.
-„Дојде време да ги преброиме редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време да му се спротивставиме на црнилото кое ни надвисна поради владеењето на СДСМ.
Би сакал, во името на ВМРО-ДПМНЕ, да ги повикам сите членови да го ажурираат своето членство, а сите неопределени граѓани и симпатизери, да се зачленат и да ни се придружат во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга.
Ажурирањето започнува на 1-ви Декември, секој ден (од понеделник- сабота) од 17 до 20ч.
Ајде сите, рамо до рамо, да и се спротивствиме на оваа антидржавна и антимакедонска власт.
ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, така и сега е на браникот на татковината.
Идеалите и љубовта кон нашата татковина се над сите политики и партии, а храброста и достоинството се наша ѕвезда-водилка за подобро утре и успешна, горда и напредна Република Македонија. повика претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга, Мирче Аџиоски.
