Внимателно возење: Снег на планинските превои

Снег со слаб интензитет провејува на патните правци Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, Стража, Ѓавато и Буково кој не се задржува на коловозот.

 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани