Време е за детоксинација!

Новогодишните празници  во ек, трпезите се уште се полни со храна која привлекува, а речиси и нема човек кој не претера со мрсно и алкохол.

Свинско, сарми, колбаси, пити, зелници, лебови  и секако на крај вкусни десерти торти и баклави. Одење на гости слави и визити… и така се до крај на јануари…. 

Време е да се вратиме  во форма и да го исчистиме  телото од насобраните токсини. На телото му треба детоксикација за да остане здраво. Најважно е да го прочистиме телото од разните отрови, опасни за нашето здравје.

Следните совети од нутриционистите  се најдобар начин за да го постигнете тоа:

Пијте вода со лимон

Одржувањето на оптимална хидрираност на организмот е најважната работа, а ако сакаме да ги исфриме отровите најбрзо што може  треба да пиеме многу вода со лимон. Особено тоа треба да се практикува секое утро. Две чаши млака вода со малку мед и половина лимон. Идеално за детоксинација. Добро е во текот на денот да се пијат и повеќе чаеви. Зелениот, белиот и чајот од корен од бел слез се идеални за прочистување на организмот за тоа што стимулираат лачење.

Овошје и зеленчук во неограничени количини

– Овошјето може да се јаде во неограничени количини, но треба да се внимава навремето на консумирање. Овошје не треба да се консумира веднаш по јадењето, најдобро е да се јаде овошје како меѓуоброк и тоа 2 часа после главниот оброк. Од овошје треба да се консумира јаболка, круши и грејпфрут, бидејќи тие се богати со пектин – корисен за намалување на холестеролот во крвта. Грејпфрутот е благ диуретик и се препорачува на лица кои имаат проблеми со задржување на водата во организмот. Зеленчук сиров во секое време во денот во неограничени количини.

Започнете со вежби

Започнете со редовни физички активности. Имајте часови во некој фитнес центар  најмногу концентрирајте се на кардио вежбите. Може да пешачите или трчате.

Сауна

Сауната е една од најстарите методи за детоксификација. Потекнува од северните краеви на Европа: Данска, Финска, Шведска, Норвешка и Русија, а е позната веќе со векови. Сауната помага во чистењето и подмладувањето на кожата, за ослободување од стрес, за уништување на патогените клетки во организмот.

 Диета

Воведете сопствена диета. Воздржувајте се од брза храна, мрсна,  зачинета храна, колачи слатки и  палачинки . Јадете полека зготвена и дистана храна… лесно месо пилешко или мисиркино со многу зеленчук….

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани