Градежни работи има во охридско-струшкиот регион.
Поради градежни работи, затворен за сообраќај за сите видови на возила е регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга. До завршување на градежните работи, на овој патен потег е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овде, градбата започна на 16 февруари. Од втори март, започна изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км.Согласно одобрението за времена измена на режим на сообраќај, сеуште траат градежните зафати на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) и на сила е времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
