Внимавајте: Лажни емаил пораки од фалсификуван идентитет на Охридска банка

Лажни маил пораки преку фалсификување на идентитетот на Охридска банка АД Скопје .

 

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

-„Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВАРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дза лажни маил пораки преку фалсификување на идентитетот на Охридска банка АД Скопје Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки. Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив. Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВАРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат“, информираат од Оридска банка. 

Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.игитален сертификат. Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани