Внимавајте: Во Албанија се крадат коли на туристи

Зачестија кражбите наавтомобили во соседна Албанија.

Меѓу украдените автомобили на туристи во Драч, Албанија неодамна бил и автомобилот на македонскиот државјанин Бујар и тоа од пред зградата каде бил сместен, пренесува Топ чанел.

– Во 10 часот наутро констатиравме дека возилото не е тука. Случајот го пријавивме во полицијата, но немаме никаква повратна информација. Од крадците на автомобилот нема никаква трага бидејќи на плажите и пошироката околина нема камери и полицијата вели дека нема што да прави, вели Бујар.

Станува збор за автомобили марка „БМВ“ и „Мерцедес“.Оштетените се жалат дека полицијата недоволно се ангажира за решавање на проблемот.

Украдените возила, според телевизјата, откако ќе им се смени бројот на шасија, се препродаваат во некоја земја од регионот или завршуваат за размена во многуте сервиси кои постојат во земјата, пишува Фактор.мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани