Во чест на градоначалникот Јован Стојаноски

2018  година ќе остане запаметена по трагичната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски. 

 По традиција во Новогодишното издание на Охриднет  беше предвиден простор за неговата Новогодишна изјава…. иако бевме договорени , судбината не дозволи,  не успеа да ни ја испрати.  Редакцијата на Охриднет во чест на градоначалникот издвои фотографии,  кои го претставуваат каква личност беше Стојаноски. Човек кој успеваше  да стигне на сите настани, да одговори на сите граѓани кои секојдневно го бараа да им ги реши бројните проблеми….. 

Отворено зборуваше за постигнатите успеси, за намалените долгови на општината, за реализираните проекти. Несебично, успесите , не си ги препишуваше себеси. Велеше тоа е резултат на долгогодишната работа и на моите претходници и на моите соработници. Зборуваше и за големите проблеми, финансиските тешкотии и предизвици. Рече „Првата година секогаш е најтешка!“ „Не е лесно да се биде на мојата позиција! “
Не критикуваше,не навредуваше, не обвинуваше! Стојаноски велеше„ Не сакам да зборувам лошо за моите претходници“! Постојано повикуваше, без разлика на политичкото убедување, да се работи здружено , заеднички за доброто на Охрид.
Беше доблесен , приземен, народен, единствен по тоа што умееше да ги увиди и признае сопствените грешки. Но беше и премногу амбициозен, вреден со јасна визија за подобро утре! 
Беше човек со многу планови,желби и проекти кои требаше да се остварат во неговиот мандат…… желен за родниот град да го види како современа туристичка метропола, која ќе биде поубаво место за живеење!
Новинарите ќе го паметат по неговиот гостопримлив, срдечен однос. Отворен за соработка, транспарентен и секогаш ведар и насмеан. Охрид изгуби Голем човек. 
Вечно ќе го паметиме! 

 Стојаноски со сопругата Надица на коктел на „Охридско лето“ 

Стојаноски со семсјството на ручек во комлексот  Свети Наум Охридски

Фотографија од некоја семејна забава

Стојаноски на еден од бројните настани каде секогаш успеваше да стигне

Фотографија која синот Димитар Стојаноски ја сподели на социјалните мрежи

Градоначалникот со Заев пред влезот во општината 

Градоначалникот со најблискиот соработник Илија Пиперкоски , со кој беа неразделни

Стојаноски со своите студенти, беше омилен меѓу професорите

Стојаноски со сопругата Надица 

Градоначалникот на доделување на Светиклиментова награда на 8 декември 

Стојаноски со сопругата  дел од поворката на струшката литија за Свети Георги

Стојаноски во опуштена атмосфера со Пиперкоски

Стојаноски со сопругата и пријатлите на „Taste Ohrid“

Стојански и Изабела Пиперкоска која беше дел од тимот 

Стојаноски пред тргнување на натпревар во Белград (во автобус со спортистите) 

Градоначалникот расположен на роденденска прослава со блиските пријатели

Градоначалникот добива дрес од навиваката група „Партизан“ 

Стојаноски гостин во емисијата „П?АШАЛНИК“ кај Соња Рилковска ( неговата последна ТВ емисија)

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани