Ноќеска два земјотреси ги вознемирија охриѓани. Двата потреси се случија во 10 минути.
Првиот во 00:50 после полноќ , а вториот во 00 59 минути.
Интересно е што и двата земјотреси беа со иста јачина од 3.2 степени по европската сеизмичка скала. Епицентарот на земјотресите на 4 км од село Косел.
Овие земјотреси ги потсетија охриѓани на минатото лето, кога беа регистрирани над 1000 потреси во коселското епицентрално подрачје.
