Во Лешани одбележан традиционалниот обичај „Покрсти“

Во селото Лешани, во рамки на празнувањата за Велигден, вчера  традиционално се одржа обичајот „Покрсти“, кој со генерации се негува како значаен дел од духовното и културното наследство.

Како што информира градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, празникот бил одбележан со песна, радост и заедништво, носејќи ја пораката за живот, надеж и љубов.

Во духот на традицијата, жителите ги посетиле нивите, при што симболично оставиле велигденско јајце во земјата, со молитва за плодна година, бериќет и благосостојба за земјоделците.

Дел од одбележувањето биле и посетите на верските храмови, каде со заедничка молитва и песната „Христовото Воскресение“ се испратила порака за духовна радост и мир.

Обичајот „Покрсти“ уште еднаш ја потврдува врската меѓу човекот, природата и верата, како и значењето на зачувувањето на традицијата и заедништвото во заедницата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани