Во недела деветти по ред протест на „Македонија пред

Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“на ден 03.06.2018 г. (недела) на градскиот плоштад во Охрид во 19:00 часот ќе го организира деветтиот по ред од серијата народни протестни собири против злоупотребата на државните институции од страна на власта и носење одлуки на штета на македонскиот народ и држава.

Ние како граѓанска иницијатива бараме:

      -Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО                          и ЕУ

-Повлекување на насилно донесениот закон за јазици

-Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија

       -Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017

Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава, информираат од „Македонија пред се“. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани