Според податоците на Општинската изборна комисија, до 17:00 часот на гласање излегле 47,02% од вкупниот број гласачи во Охрид.
До 17 часот во мирна фер и демократска атмосфера гласале 24.576 охриѓани.
Речиси три проценти повеќе во однос на првиот круг. Во првиот круг до 17:00 часот на гласање излегле 23 315 охриѓани или 44,6%.
Во Општина Дебрца исто тка изборниот процес се одвива непречено без пријавени нерегуларности, а до 17 часот гласале 2.122 лица или 48 отсто од граѓаните со право на глас.