Се одбележува Денот на македонскиот јазик

Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик.

Владата на Република Северна Македонија на неодамнешната 130-тата седница донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, како празник од работен карактер. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и по два месеца со озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.
Инаку, со Решение на АСНОМ од втори август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик бил заведен како службен јазик на македонската држава.Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевно јазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал официјален јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.По ослободувањето, македонскиот книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, Блаже Конески,активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик. Македонскиот јазик е дел од групата на словенски јазици од јазичкото семејство на индоевропски јазици.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани