Во општина Охрид се планираат нови вработувања

Триесеттина нови вработувања во охридската  локална  самоуправа се  предвидени за годинава.

Телефонист, архивар, преведувч, вработен за упатување на странки, службеници во неколку одделенија, вработен во односи  за јавност  се дел новите позиции кои ќе се пополнуваат  во  превработената општинска администација.

Во услови кога владата најавува намалување на администрацијата за 20 % , општината продолжува со пренатрупување на партиски кадри,  обвинија од опозицијата.

– „Една низа на нови вработувања  објаснети со зголемен обм на работа за кои сме  убедени дека може да бидат позиции од постоечките  вработени“, вели Гордана Коњаноска координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Споеред градоначалникот локалната самоуправа е должна да   планира кадровско екиирање на службите. Се работи само за планирани вработувања, кои може а и не мора да се реализираат. 

„Што се однесува до обвинувањата, работа на опизицијата да обвинува.  . Ние согласно систематизацијата должни сме да планираме соодветно да планираме кадровско екипирање на службите . Доколку има потреба согласно планот ќе распишеме оглас“, вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.

Во општината Охрид,  во 2006 година општинската администрација броеше   75 лица, а во 2017  станаа  260 вработени, што е зголемување за скоро 3,5 пати.

Денес  официјално во општинската администрација се вработени 252 лица. 

Новинар Соња  Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани