Во голема акција на Шумската полиција, на место викано “Горно село” атар на с. Горно Луково, струшко, шумско – стопанска единица “Јабланица”, затекната е бесправна сеча на 105 букови стебла.
Дел од нелегално пресечените стебла биле обработени во должина од 1 метар и наметрени, со цел да завршат на нелегалниот пазар на дрва.
Дрвната маса која е затекната на лице место е предадена на Ј.П. “Национални шуми- ПСС-Јабланица”-Струга.
Ова е трета голема акција на Шумската полиција во изминатите неколку недели на Јабланица, која со години ја пустошат дрвокрадци.
Spektra