Во првата недела се вакцинираа 1500 лица од Охрид

Вакцинирањето против сезонски грипво Центар за јавно здравје Охрид и подрачните единици во Струга и Дебар е во полн ек.

Во првата недела во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје вакцинирани се повеќе од 1500 лица.
Со вакцинацијата против сезонски грип продолжуваме од понеделник, 12.11.2018 г., во епидемиолошките амбуланти на Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга и Дебар секој работен ден од 8-14 ч. На располагање ќе бидат високо квалитетни, четиривалентни вакцини против сезонски грип и тоа комерцијални, по цена од 650 денари за потребната доза и бесплатни за лица кои ги исполнуваат двата услови на Министерството за здравство: да се постари од 65 години и примаат пензија не повисока од 14.480 денари или кои воопшто не примаат пензија, Овие лица е потребно преку својот матичен лекар да го закажат вакцинирањето на Мој термин, за што ќе добијат соодветен упат од матичниот лекар, кој, заедно со талонче (чек) од пензија од претходниот месец, ќе го достават во Центар за јавно здравје во закажаниот термин за вакцинирање.
И оваа година Центар за јавно здравје Охрид ја нуди можноста за вакцинирање против сезонски грип во домашни услови на лица постари од 65 години и на лица со одреден хендикеп, телесен инвалидитет кои не можат да дојдат во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид. Истите, потребните информации можат да ги добијат на тлефоните 046 231-030 и 078 488-255

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани