Вечерва е премиерата на претставата „Метод“.
Вечерва, охридскиот театар премиерно ќе ја изведе трилер претставата „Метод“ од Жорди Галсеран, во режија на Ирена Стеријовска.„Метод“ е втората од планираните три премиери на охридскиот народен театар за оваа година.Според режисерот Стерјовска, „Метод“ е интензивен трилер со брзи заплети, со бројни трикови на авторот за развивање на дејството, текст кој човекот го претставува како жртва на модерното време. Четворица кандидати се пријавуваат за местото на вториот човек во голема интернационална компанија и почнува интервјуто со одреден метод на испитување.Актерската екипа во претставата ја сочинуваат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејно решение за сценографија Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети.Овој текст за првпат се игра во Македонија, а е особено познат во Шпанија, па дури во Бугарија и Русија. За првпат е преведен и охридскиот театар ги има правата.Претставата ќе се одигра на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“,вечерва со почеток во 20:00 часот.Синоќа беше претпремиерата на претставата а средствата собрани од билетите, ќе бидат уплатени на фондот за помош на Сара Настеска.

