Македонската делегација предводена од директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, во период од 03.11.2018 година до 15.11.2018 година е во работна посета на СР Германија.
Основната цел на посетата е запознавање на иселениците од Република Македонија во СР Германија со Нацрт Програмата за 2019 година на Агенцијата за иселеништво, промоција на новото наставно помагало за најмладата возраст и најава за подготовка на учебниците за повисоките одделенија, презентација на Прирачникот за потребите на иселениците од правен карактер и најава за подготовка на нов Прирачникот со потребни информации од економски карактер, соработка и вмрежување на спортски клубови од Република Македонија со иселеничките, преку организирање на турнири на спортски активности, поддршка на локални културни настани за промовирање Република Македонија преку промотивни материјали и соработка со Агенција за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија како и медиумско покривање на настаните кои ги организираат иселеничките организации од страна на Агенцијата за иселеништво преку нејзината новоформирана интернет страна, официјалната фб страна, информираат од Агенцијата за иселеништво.
Во досегашните реализирани активности ќе се вбројат средби со иселеници и иселенички организации во градовите од Минхен, Штутгарт, Франкфурт, Улм, Мајнц. Во агендата за посета на градови се и Дортмунд, Диселдорф, Хановер, Хамбург, Бремен и Берлин.
Агенцијата за иселеништво останува посветена на унапредување на комуникацијата со иселениците и нивна целосна поддршка се со цел заедничка промоција на македонската историја, култура, традиција и јазик во местата на нивното живеење.
