Тешко повредената е пренесена во „Св.Еразмо“.
Вчера во 16 часот, пријавено е дека во Охрид на крстосницата со кружен тек од улицата „Македонски просветители“ со булеварот „Туристичка“, патничко моторно возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (32) од Охрид, удрило во пешакот С.К.(45) од Охрид.
–Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски..