Увозници од Охрид и Струга ги повредиле правата од интелектуална сопственост

Увезената стока, привремено им била задржана.

Изминатиов период, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани облека, козметички средства, лекови, медицински производи, техничка стока, прехранбени производи, пластични производи и фалсификати. Притоа, привремено се задржани: 3.125 метри PVC црево, 2 ролни PVC изолационен материјал, 116 парчиња колена за водоводна инсталација и 1 употребуван апарат за перење, откриени од страна на Одделението за истраги во соработка со мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Одземена е и стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост- 600 детски велосипеди со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Охрид, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани