Годинава по 18-ти пат ќе се одбележи Денот на Охридското езеро. Домаќин на централната свеченост овој пат е градот Струга.
Свеченоста започнува во 10 00 часот на Градската плажа во Струга.
Пред присутните ќе се обрати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а потоа и неговите колеги градоначалниците на Охрид и Поградец, Јован Стојановски и Едуард Капри.
Предвидена е богата културно-уметничка програма, изложба на фотографии. Во рамки на активностите за одбележување на Денот на Охридското езеро, во сабота, 23-ти јуни, ќе се одржи кружна велосипедска тура околу целата негова должина.
Трите општини на брегот на Охридското езеро: Охрид, Струга и Поградец, пред 18 години потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското езеро.
