Стружани го организираат првиот Спортски фестивал Илинден 2022.
Големиот културно историски хепенинг годинава е под мотото: „По врвиците на борбата за македонска државност”, а се организира како израз на почит и сеќавање на револуционерната борба за државност и самобитност, на сите кои со својата борба и саможртва во двата Илиндена ја создадоа македонската држава.
Планинари, кајакари, велосипедисти, професионлци и аматери на 01 август организираат разни спортски активности на локалитетите, каде се одвиваа едни од најголемите битки во струшко.
-„Идејата е да се тргне од Мостот на поезијата во Струга, кајакари по реката црн Дрим, , ќетргнат и велосипедисти и планинари и сите заедно но по различни атеки ќе стигнеме до Глобочица“, вели Коста Хиохи организатор на Спортски фестивал Илинден 2022.
Предвидена е посета на сите значајни места за историјата на Македонија и македонскиот народ: спомен-обележјата и гробовите во Ташмаруништа каде се погребани востаниците од Ложани и Драслајца загинати во една од најголемите битки за време на Илинденското востание, посета на спомен-обележјето во Локов, каде е формирана Првата македонска ударна бригада, посета на Селци, родното место на Војдан Чернодрински.
-„Идејата беше да се направи едно обединување на сите сортски чинители во градот Струга, односно на сите ние кои практикуваме спортови како планински велосипедизам, кајакарење, цуп веслање, ланинарење итн вели Хиохи.
Целта на ова обединување на сортистите по вода и копно е верно чување на богатата историјата, но и промовирање на природните убавини на струшкиот крај.
Новинар Соња Рилковска