Светски ѕвезди на годинешното издание Ohrid calling 2022

Организаторот Авалон продукција најавува светски ѕвезди на годинешното издание Ohrid calling 2022.

Од 29 ти јули до 01 август кај касарната во Охрид предвидени се три концерти за кои има оргомен интерес не само од земјава туку и од регионот и одалечните земји.

-Најатрактивната DJ ѕвезда ТIMMY TRUMPET со својата балканска премиера, омилениот LOST FREQUENCIES кој и самиот не знае колку хитови има… Big Room пионерите W&W и милениците на македонската публика VINI VICI!

Со нив, исто така премиерно на балканот, Blasterjaxx и Will Sparks, како и детето на Оhrid Calling, GALOSKI кој оди напред во својата кариера со светлечка брзина!

Тука се и нашето братско дуо CYRILLIC, Howard Hill, Divolly Markward, Chico Rose, Nicholas Adams, RASTIK, Lady Lee, Delovski, Christian Karan, Kemaro, Erick Kassel, Jana Slayy, Yaksa и DJS FROM MARS. Очекуваме осетители од цела Евроа и од цел свет“, најавуваат од Авалон продукција. 

Соред градоначалникот Кирил Пецаков Охрид и годинава ќе може да се пофали со музички настани од светски ранг. 

-„Во Охрид и годинава ќе бидат најпознатите ѕвезди од електронската музика. Со организирањето на овој фестивал Охрид заземе сериозно место на мапата на музички настани и привлекува бројна публика од цела Европа. Четиридневното случување значително ја збогатува туистичката понуда на градот ова лето. Ова современа фестивалска приказна треба да продолжи да живее и да се надградува и во иднина затоа го поддржуваме настанот отстапувајќи ја инфраструктурата“, изјави Кирил Пецаков градоначалник на Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани